Токму таа на Telegram објави селфи со милијардерот, кое е направено веднаш по натпреварот помеѓу Аргентина и Франција.

Еден од најбогатите луѓе во светот , Илон Маск , сопственик на Tesla и Twitter, не сакаше да го пропушти финалето на Светското првенство во Катар. Секако, мечот го следеше од ВИП ложата, а судејќи според фотографиите објавени на социјалните мрежи, дел од времето помина во дружење со зетот на Доналд Трамп , Џаред Кушнер, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и Про-Путин ТВ водителка, Наила Аскер-Заде , пренесува „Бизнис инсајдер“.

Токму таа на Телеграм објави селфи со милијардерот кое е направено веднаш по натпреварот помеѓу Аргентина и Франција .

„Се согласувам со оценката на Илон Маск: „Дуел во пустина. Не можеше да се побара подобра игра“. Видов како ги сподели емоциите на својот Твитер за случувањата на теренот.И ние имаме многу емоции – ќе ви кажам наскоро“, гласеше коментарот под нејзината фотографија.

Таа ТВ водителка на Руската државна радио и телевизија (ВГТРК) беше санкционирана од Велика Британија и Канада поради нејзините ставови и соработката со руската влада . Покрај јавните настапи, Аскер-Заде во Русија е позната и како девојка на рускиот олигарх , сопственик на ВТБ банка, Андреј Костин .

Во минатото, олигархот често бил дарежлив кон својата љубовница, купувајќи и стан во Москва, викендица вредна четири милиони долари , јахта од 62 метри и до 2019 година ѝ плаќал приватни летови вредни речиси половина милион долари .

Сите овие подароци, како што откри политичкиот затвореник и главен противник на Путин, Алексеј Навални во половина час видео на YouTube пред три години, биле финансирани од руски даночни обврзници. Сепак, ова откритие, кое за 24 часа го погледнале 3,5 милиони луѓе, не и пречело премногу на Наила Аскер-Заде. Покрај тоа, таа се заблагодари за бесплатната реклама.

“Нарачав оригинална реклама од популарна блогерка, но не знаев дека ќе станам толку популарна. Добредојдовте, мои нови следбеници!”, напиша тогаш таа на Инстаграм.