Пред малку Груевски се обрати на својот Фб профил. Неговиот статус ви го пренесуваме во целост.

Катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија однесе илјадници животи и објекти. Сите се вознемиривме од застрашувачките вести и снимки и сите ние длабоко сочуствуваме со турскиот и сирискиот народ за оваа огромна несреќа, нашите срца се со нив, а јас се приклучувам на илјадниците искажани сочуства за нивната огромна болка и ненадоместливата загуба на турскиот и сирискиот народ и државен врв, а во прв ред на семејствата на настраданите.

Цела Европа вклучувајќи ја и Македонија е мобилизирана да помогне во оваа трагедија. Илјадници луѓе кои го преживееја земјотресот, доживееја тешки физички повреди и психички трауми, а стотици илјади луѓе загубија свои роднини и пријатели. Матерјалната штета е огромна.

Како и во многу други земји во ваква ситуација, се покажа дека освен земјотресот како природна непогода на која човештвото и науката сеуште немаат и веројатно уште многу долго време нема да имаат одговор, се покажа дека квалитетното и сеизмички исправно градењето згради и други објекти е од исклучително значење во вакви ситуации.

Неодамна објавив еден текст во кој раскажав дека пред десет години иницирав и донесовме закон со кој за секој поголем објект од 300 метри квадратни, потребно е во две фази на изработка на проектот, на средината и на крајот, да се направи контрола и одобрување на проектот од стрна на специјализирана овластената институција за земјотресно инжињерство во Македонија.

Ова не значи дека зградите изградени пред тоа се сеизмички неисправни, напротив, по 1963 година во Македонија многу се внимава на тоа, но значи дека превземени се максимални мерки за да не се случи некој пропуст или нечија неодговорност, заради кој во случај на земјотрес, можеби заради нечија грешка, небрежност или пак алчност, ќе се загубат стотици или илјадници животи ако некогаш во иднина се случи сличен земјотрес во Македонија.