Денеска ненадејно почина Фазила Бегановиќ, мајката на Енвер Бегановиќ, кој пеш ТРГНА во Мека.




– За жал, нашата тетка Фазила, мајката на нашиот патник Енвер се пресели во задгробниот живот… Го молиме милиот Алах да и подари рај, а на семејството мир – објави семејството Бегановиќ на социјалните мрежи.




Бегановиќ, кој пеш од Австрија до Мека, пристигна во Македонија вчера преку Косово и Метохија.




Бегановиќ (52), кој е родум од Босна и Херцеговина, тргна на свето патување од околу 6.500 километри. Тој досега веќе поминал низ Австрија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, а преку административниот премин од Централна Србија минал кон Косово и Метохија.




Неговиот план е да пристигне во Мека околу 25 јуни и да го заврши својот аџилак. Планира да го однесе и знамето на секоја земја низ која ќе помине во Мека, а попатно ги има 12.




Нему му претстои уште екстремно долг пат, околу 5.000 километри.




– Обврска на секој исламски верник доколку е во можност е да оди на хаџ. Така вербата ме мотивираше да одам на ова патување. Пешачам околу 60 километри дневно. Сè уште го имам спортскиот дух од моите млади денови и не се чувствувам уморен – изјави претходно Енвер.

