Според неа убавината и донела многу во животот, но не се помирува со тоа што жените не ја сакаат.
Многу луѓе мислат дека девојките отсекогаш биле љубоморни една на друга и дека вистинско пријателство меѓу нив не може да постои поради постојаната потреба од некаква конкуренција.




Ова мислење го дели Аријана Савана, девојка која на социјалните мрежи се пожали дека не може да има пријатели поради нејзиниот атрактивен изглед.
Како што вели, долго време се обидува да најде пријателка, но девојките не можат да ја сакаат и прифатат.
-Мојот социјален живот е уништен, бидејќи сум привлечна и убава – тврди Аријана.




– Сакам да им објаснам на луѓето дека убавината не е секогаш благослов и дека има свои лоши страни, а ова е само една од нив .
Според неа убавината и донела многу во животот, но не се помирува со тоа што жените не ја сакаат.
– Имам проблем со другарите, особено со другарките, кога одев во средно. Бев љубезна со нив, а тие ми зборуваа зад грб и по некое време ме одбиваа – се присетува таа и додава:




– Станувам осамена. Сите ние сме убави на свој начин, а јас не сум ваша конкуренција, па … дали можеме да бидеме пријатели?
Во коментарите под нејзините фотографии се појавија многу луѓе кои ја „подадоа“ својата рака на пријателство, но имаше и такви кои мислеа дека е вообразена и арогантна.




– Немам проблем да бидам твој пријател. Згора на тоа, би сакал да имам некоја толку убава покрај мене. Би била горда – напишала една девојка.
– Добро, убава си, но не си и божица на убавината, не знам кој те излажа? Можеби треба да го преиспитате своето однесување, па дури потоа да им судите на луѓето кои не ве сакаат во животот – беше само еден од негативните коментари.




Кој е вашиот коментар?
