Дејана Бачко, попозната како „Девојката со крилја“ е родена без раце, но хендикепот не ја спречи да биде успешна во спортот, сликарството и секојдневните активности.

Дејана неодамна стана мајка, за што е бескрајно благодарна на Бога, а деновиве продолжува да ја воодушевува јавноста.

Успешна параолимпијка и нејзиниот партнер Марко Нежиќ секојдневно уживаат во шармот на родителството, а Дејана често објавува видеа со своето бебе. Таа во една прилика ги воодушеви сите кога покажа како ја облекува својата ќерка со помош на стапалата, а многумина не ни можеа да замислат дека е можна таква прецизност.

Сега Дејана објави видео како ја заспива малата Лара. Ја држеше Лара во скут, ја нишаше, а во позадина се слушаа детски песни. „Честитки“, „Мајка со која се гордееме“, „Браво, ти си кралицата мама“, се само дел од коментарите кои се наредени под објавата.