Овој празник иако не е означен со црвени букви во православниот календарот сепак е значаен и има многу обичаи.




Светиот Архангел Гаврил е благовесник на зачнувањето на нашиот Бог Исус Христос, Синот Божји. Но, со архангел Гаврил се поврзуваат сите настани што имаат врска со Христовото вочовечување.




Тој ја посети Богородица и ја извести дека дошло времето на воплотувањето на Логосот Божји, и дека таа ќе биде Неговата мајка. (види Лк. 1, 26-56)




Празникот е наречен собор бидејќи тогаш во храмовите се собираат оние што веруваат во него. Заедно со Архангел Михаил тој е најпознатиот меѓу ангелите, оној што соопштил повеќе вести поради што е познат како гласоносец или како вестител.




За овој празник се врзани многу обичаи, Девојките не треба да работат денес, посебно не да шијат и плетат, но сепак се верува дека овој ден е погоден за нови почетоци.




На светиот ангел Гаврил е добро да се молат и оние кои немаат деца, зошто се верува дека баш овој ангел е носител на радосни и вести за благосостојба.
