Грижете се за вашите усни додека сте на плажа

Британката Ели Жан (19) од Манчестер дознала за тоа на потешкиот начин додека била на одмор во Португалија. Имено, таа немала поим дека нејзиниот одмор ќе се претвори во ноќна мора и дека лузната ќе ја носи на усните до крајот на животот.

– Јас користам вазелин наместо сјај за усни и секогаш го имам со мене. Го ставив на усните на плажа и дремев додека се сончав. Кога се разбудив, сфатив дека имам плускавец на долната усна. Отпрвин мислев дека е херпес, па ставив крема за таа болест, но ништо не помогна, дури и ја влоши ситуацијата – изјавила Ели, а пренесува британски Сан.

Следното утро, долната усна на Ела беше со плускавци.

– Меурчињата почнаа да пукаат секогаш кога ќе се обидов да јадам. Не можев да ги движам усните кои крварат и беа многу болни. Се чувствував како да горам. Не можев да мрдам со устата, да зборувам, да јадам… се пукна и крвареше – се пожали Ели.

– Откако пукнаа плускавците, останаа ужасни красти. Не смеев да излезам од дома без маска. Беше страшно – додаде таа.

– Докторот ми кажа дека изгорениците на усните се честа појава кај жените на кои им биле ставени филери. За време на овој третман, кожата на усните се протега и станува потенка и почувствителна. Последен пат ставив филери во усните во ноември минатата година – изјавила Ели.

Знам дека има балсами за усни со заштитен фактор, но мислев дека вазелинот е доволен. Немав поим дека такво нешто може да ми се случи – додала таа.