Д-р Нико Беќаровски го оценува вирусот е како најпрецизен снајперист.




-Тивок, невидлив, подмолен. Само вчера успеа да “рани” најмалку 999 луѓе и да “убие” 14. А кога државата ни е преплавена со “снајперисти” нормално е да се ограничи движењето, за да се намалат жртвите.




И да во целост се согласувам дека сите кои веќе беа “ранети” од овој убиец имаат подобар, или еднакво добар штит како нас “истренираните”, пишува докторот.




-А “цивилите” кои не веруваат дека сме под “вкрстен снајперски оган” еден ден ќе разберат дека ограниченото движење, можеби им го спасил животот.




Премногу жртви дадовме за да се надмудруваме. А генерали ќе има илјадници по завршената војна, денес и сега мора да е еден !!! – дециден е Д-р Беќаровски.
