Повеќе никој не зборува доволно за правилното замрзнување на мелено месо и колку долго може да стои во замрзнувач, а лекарите предупредуваат на бројни опасности. Наиме, секој вид месо има посебен рок на траење, а замрзнувањето на температури под -18°C неколку дена може дури и да помогне во намалување на ризикот од некои болести пренесени преку храна, како што е токсоплазмозата.
Голема грешка што ја прават многу домаќинки
Обично се замрзнува голем дел од мелено месо кој не можат да го искористат во еден оброк, и преостанатиот дел повторно го враќаат во замрзнувач, што може да влијае на квалитетот.
Како правилно да се замрзне мелено месо?
Прв чекор: Обавезно поделете го на помали пакети, така ќе спречите постојано вадење и враќање на месото од замрзнувачот.
Втор чекор: На секој пакет ставете датум кога сте го замрзнале за да знаете до кога е најдобро да го искористите.
Трет чекор: Кога ќе го извадите од замрзнувач, ако не сте сигурни дека веднаш ќе го искористите, ставете го во фрижидер.
Со правилно замрзнување, меленото месо може долго да остане свежо и подготвено за подготовка на било кое јадење, без губење на квалитетот. Сепак, во замрзнувач не смее да стои подолго од четири месеци.
