Експертите предупредуваат дека кравјото млеко може да предизвика мозолчиња, бидејќи се верува дека голем број луѓе имаат нетолеранција на лактоза, без воопшто да се свесни за тоа.

Млечните производи имаат големо влијание врз изгледот и квалитетот на кожата, бидејќи содржат голема количина шеќер и млечни масти.

Од друга страна, млекото од соја, кокос и бадем имаат поповолно дејство на кожата, а се верува дека овие билни млека ја чистат кожата од акни и други нечистотии.

Сурутката , која се наоѓа во млечните производи, ослободува хормон сличен на инсулин кој е одговорен за активирање и производство на акни.

Сепак, полномасното млеко може да биде подобар избор бидејќи има помалку сурутка, за разлика од млекото со малку маснотии, кое е водено по текстура и го користат спортистите, а многу од нив често имаат и самите проблем со акните.

Ако имате проблеми со акни и маснотии, треба да се консултирате со дерматолог или да го елиминирате кравјото млеко со малку маснотии за да бидете сигурни дека тоа е причина за проблеми со кожата.