Во последното деноноќие во соседна Србија се регистрирани 411 новозаразени со Ковид-19. Починале осум пациент, а во преполните болнички ковид центри ширум семјата дури 170 пациенти се ставени на респираторни апарати.
Српскиот епидемиолог, д-р. Бранислав Тиодоровиќ вели дека оваа заразна болест не е само респираторна, туку преминува во системска, односно ги зафаќа сите органи во човековиот организам.
-Кога имате повеќе извори на вирусот, постои поголема можност во организмот да навлезе поголемо количество на вирусот. Тоа пак од своја страна носи други многу сериозни последици врз пациентите. Нема да биде предизвикано заболување на респираторниот тракт и на белодробието, туку се нападнати многу органи, со што настанува системско заболување во целиот организам, предупредува епидемиологот Тиодоровиќ.
Преминот од респираторна во системска болест, како што појаснува, најчесто се случува кај оние луѓе кои веќе имаат и некоја друга болест, но и кај пациентите кои имаат тешка форма на болеста, заради што и лекувањето трае многу подолго.
