Пожар во Дојран, се врши евакуација на граѓаните, за среќа нема повредени, информира Центарот за управување со кризи.
-Три куќи се во пламен и поради непредвиденото движење на огнот се врши итна евакуација на граѓаните, велат од ЦУК.
Жителка на Дојран за Фактор вели дека гори населбата Карач, поранешен Гранит каде што има многу нови куќи и викендици. Веќе е исклучена струјата, а не функционираат ниту телефоните
-Оваа населба во Дојран е една од најпознатите, тука се одржува и Д-фестивалот. Денеска состојбата е исклучително тешка, гаснењето на пожарот е оневозможен и поради силниот ветер и другите неповолни временски околности, вели Марија од Дојран.
Жената појаснува дека веќе имаат некои информации дека се очекува пожарот да се гасне и од воздух, а се повикани на помош и територијалните единици од Валандово и од Гевгелија.
-Воздухот е целосно загаден, тешка миризба се шири, пече на очите и се чувствува тежина во грлото, вели таа./ФАКТОР
