На свеченост вечерва во рамките на научниот симпозим што се одржа во Струмица, Асоцијацијата на спортски новинари на Македонија им додели плакети за мир на поранешните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и на долгодишниот претседател на МОК и политичар, Васил Тупурковски.

„Како премиер добив повеќе меѓународни награди за мир, а заедно со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас бевме номинирани и за Нобелова награда за мир. Сепак, за мене постои само една и единствена награда за мир, а тоа е мирот“ рече Заев пред присутните на свеченоста.

Тој додаде дека „воените арсенали треба да се заменат со ползување на „оружјето“ на совеста, добрата мисла и добриот збор, со „оружјето“ на подадената рака, со „оружјето“ на компромиси, пријателство, заедништво, соработка и отворање нови хоризонти кон иднината“.

Заев обраќањето го заклучи во неговиот карактеристичен стил, зборувајќи за себе во трето лице:

„Двете позиции се спротивни една со друга, но горд сум што Заев е истиот човек – македонец, мирољубец“, рече поранешниот премиер.

На симпозиумот се обрати и Тупурковски, кој рече дека „секоја војна нанесува огромни штети на спортот, а според него во прашање се доведени во прашање и одржувањето на големи спортски настани.

Самитот на спортските новинари од Југоисточна Европа се одржа вчера и денеска во Струмица, а во рамките на Самитот се одржа и конгрес на кој беше избрано ново раководство на Асоцијацијата.Извор СП