УХМР ја објави најновата временска прогноза за викендот. Дознајте какво време не очекува во наредните денови.

Според прогнозата на Републичкиот хидрометеоролошки завод утре во Македонија претпладне се очекува магла, а во текот на денот ќе биде умерено облачно и ветровито. Посилна облачност со врнежи од дожд се очекува попладне во западниот дел, а вечерта во другите региони.

Ќе дува слаб и умерен, повремено засилен јужен и југозападен ветер во планинските предели, а засилен југоисточен ветер. Најниската температура од 3 до 10 степени, а највисоката од 17 степени во Гевгелија до 25 степени на југот и југоисточниот дел.

Утре во Скопје ќе биде умерено облачно, ветровито, малку потопло и суво во поголемиот дел од денот. Во вечерните часови и во текот на ноќта се очекуваат врнежи од дожд . Ќе дува умерен и засилен југоисточен ветер. Најниската температура е околу 10 степени, а највисоката околу 22 степени. Во наредниот период се очекува постудено време со максимални температури од 12 до 18 степени.

Во сабота се очекуваат врнежи од дожд во повеќето области, на запад и југозапад, со количество над 20 мм за 24 часа на места. Суво ќе остане само на југоисток.

Во недела и понеделник врнежите ќе бидат многу послаби и од локален карактер. Во вторник и среда по утринската магла и ниската облачност во текот на денот ќе биде претежно сончево, а кон крајот на периодот се очекува нова облачност.