Зимница може да се подготви во станот, ако нема друг избор. И овој рецепт е одговорот на прашањето “Како?”
Состојки:
5 кг пиперки (ако се погусти и поместени)
1,5 кг модар патлиџан
2 лажици оцет 9%
1,5 лажици шеќер
2 лажици сол
200 мл масло
Подготовка: Пиперките измијте ги и испечете ги во рерна. Направете го истото со модар патлиџан. Потоа исчистете ги пиперките и модриот патлиџан од кората и семките. Ситно исечете го, па измелете го во блендер. Потоа се става во врело масло и се пржи на шпорет во тава додека убаво не се испржи заедно со оцетот, солта и шеќерот.
Чистите тегли загрејте ги 10 минути на 100 степени во рерна, во врелите тегли истурете го врелиот ајвар. Извртувате и ставате сè во загреаната рерна. Чувајте го вака 10 минути на 100 степени, исклучете ја рерната и оставете да отстои додека не се излади.
