Да најдеш слободно место за паркинг често е е вистинска мака. Затоа некои луѓе прават неверојатни дела за да стигнат до слободен простор.

Едно Југо доби „рачно паркирање“, откако еден човек реши да го препаркира затоа што му сметаше.

Непосредно пред снимањето на видеото, автомобилот бил наместен малку косо, делумно заземајќи го соседното место.

Коментарите на видеото наведуваат дека видеото е направено во Грделица Србија.

„Вака мојот сопруг го помести комшиското југо кога буквално ни ја блокираше вратата од гаражата – напиша едена жена.

Имаше и такви кои му коментираа на „Марвеловиот суперхерој“ да преместува автомобили низ градот“.