Германската канцеларка Ангела Меркел ќе добие пензија од околу 15.000 евра, според пресметката на Германското здружение на даночни обврзници.




Шеесет и седумгодишната Меркел се повлекува од политичкиот живот по парламентарните избори во септември, пренесуваат германските медиуми.
Пензијата се пресметува врз основа на платите што ги добивала како член на федералниот парламент, федерален министер и канцелар.




Како и сите поранешни канцелари и претседатели, Меркел ќе има право на официјална канцеларија. Државата ќе и плати и секретарка, двајца асистенти, дактилограф и возач.




Ангела Меркел е канцелар на Германија континуирано од 2005 година, а во 2018 година поднесе оставка од челната позиција на Христијанско -демократската унија (ЦДУ) и објави дека нема да се кандидира за петтиот канцеларски мандат.
