Томе Саздов е дел од Илинденската коњаница од Горно Лисиче која пред 3 дена го започна традиционалниот марш до Крушево.

Но, неговата кобила се повpeдила уште на дефилето во Скопје, па Томе решил маршот до Крушево да го помине прешки.

Коњаницата вчера пристигна во долненско Ропотово, до каде Томе пропешачил 160 километри.

Тој е првиот во 42-годишната традиција на оваа коњаница, кој маршот го поминал пешки.

“Кога трчаа и ја трчав, кога одеа и јас одев, од љубов за Република Македониј”, напиша Томе на неговиот Фејсбук профил.

Моментално коњаницата се наоѓа на пат кон Кривогаштани, а трасата досега изгледаше вака: Долно Лисиче, Петровец, Катланово, Велес, Долно Оризари, Чашка, Теово, Богомила, Ропотово.