Миксер Бумер одржа вистинска лекција за лојалност




Не се вели без причина дека кучето е најдобар пријател на човекот. Тој е таму и во добро и во лошо, секогаш лојален и верен.




Миксер Бумер одржа вистинска лекција за лојалност и ни покажа што значи да се сака некого до самиот крај, но и по него.




Бумер, откако неговата сопственичка Марија почина на 95 години, не сакаше да се одвои од нејзиното безживотно тело.




За време на поворката толку многу лаеше додека не се качи во комбето што ја превезуваше Марија во вечниот одмор. Така и за последен пат и оддаде почит.




– Можеше да се види лојалноста и наклонетоста што постоеше меѓу неа и нејзиното куче. Тој секогаш беше тука за неа, а таа за него – изјавил член на семејството за „Додо“.
