Невообичаено топлото време предизвика инвазија на овие влекачи.




Пред неколку години, брат и сестра преживеале драма додека си играле надвор. Имено, тие биле во шумата во близина на нивната куќа во Ескдејл, Австралија и не ни поимале дека се на неколку сантиметри од сигурна смрт.




Нивната мајка Алана потоа ги фотографирала како сувенир, а кога подоцна ја погледнала сликата се запрепастила од страв. Десно од ногата на нејзиниот син се наоѓала кафена змија, една од најопасните отровни змии во светот.




Овој вид може да предизвика срцев удар неколку минути по каснувањето и е одговорен за 41 процент од смртните случаи од каснување од змија во Австралија. Таа е втората најотровна змија во светот, по тајпанот што живее во источна Австралија.




Експертите тогаш рекоа дека невообичаено топлото време таа пролет во Австралија довело до инвазија на змии, особено на источните кафени змии.

