





Се појави видео од бизарна несреќа во Истанбул.




Сопственикот на продавница во Турција паузирал кога тлото под него буквално се отворило, а тој паднал во дупка длабока шест метри. Омер Качаган се здобил само со полесни повреди и покрај тоа што врз него паднал фрижидерот кој стоел до него.




На социјалните мрежи се појави видео од бизарната несреќа што се случи на 4 февруари во Истанбул, додека на пожарникарите им требаа 25 минути да го извлечат човекот од дупката. Качаган објаснил дека зборувал на телефон момент пред да падне низ земја.




Нејасно е што го предизвикало уривањето на теренот и дали локалните власти го истражуваат случајот. Некои информации укажуваат дека порано имало бунар пред трикатницата на чиј приземје има дуќани.
