Австриската работна комора (АК) предупредува дека поскапувањето на храната полека излегува од контрола, бидејќи и најевтините производи поскапуваат.




Тековното истражување на АК укажува на големо зголемување на цената на неделно ниво за купување поевтини намирници, производи од аптеки и познати брендови.
– За многу граѓани домашниот буџет стана недоволен, а многумина веќе живеат на работ на сиромаштија, па се почесто се купуваат поевтини производи. Но, и тие поволни производи станаа многу поскапи од порано – изјавија од заштитата на потрошувачите на АК Габриеле Згубиќ.




Така, АК бележи драстично зголемување на цената од 194 отсто на поевтиното сончогледово масло
Лани во септември литар сончогледово масло произведено од „Клевер“ се продаваше по цена од 1,19 евра, а една година подоцна најприфатливо сончогледово масло беше од брендот Сониголд по цена од 3,50 евра, што е зголемување за дури 194,1 отсто.




Што се однесува до брашното, килограм брашно од марка „Хепи берба“ лани чинеше 0,39 евра, а годинава 0,85 евра што е зголемување за 117,9 отсто.




Најдрастично поскапување е забележано кај отстранувачот на лак за нокти, бидејќи најевтиниот производ чинел 0,48 евра во јануари, а во септември цената скокнала на 3,93 евра, што е зголемување за цели 718,8 отсто, наведува АК.
