Тиктокерица Ешли Ирвин е зафатена мајка која често споделува клипови на таа платформа во кои зборува за предизвиците со кои се соочува секојдневно.




Таа најмногу се занимава со проблеми со тага и ментално здравје, а во едно од последните видеа расплака многумина.
Во видеото кое собра 4,8 милиони прегледи, таа зборува за тоа како нејзиниот син решил да го посети својот татко во рајот. Во рацете држи торба со мотив на Спајдермен.




Кога ја видов спакуваната торба, го прашав син ми каде планира да оди. Ми кажа дека утре го чека големо патување – рече таа на почетокот.
Збунета мислела дека е миса, но нејзиниот син одговорил:
Не, ќе мора да почека, но Господ ќе ми прости.
Тогаш момчето и открило дека планира да го посети тато во рајот.




Ирвин потоа ја отвора торбата за да види што има намера да земе со себе. Момчето спакувало костим за суперхерој, свирче, топка и две нови безбол ракавици.
Покрај играчките, тој го спакувал и првиот паричник на татко му, полн со семејни фотографии, пар мокасини и колонска вода.




Секогаш кога мојот покоен сопруг и син ми одеа на патување, тие се враќаа со цвеќињата што ги собраа. Ви ветувам дека и мојот син утре ќе го направи истото – низ солзи заклучи таа и расплака многумина.
„Ова е и најтажното и најубавото нешто што сум го видел“, коментира еден корисник.
Погледнете го видеото ТУКА .
