Во коментарите почнаа да се слеваат разни „непристојни понуди“.

90-годишен Кинез е нападнат од жени од сите страни, откако се појави видео на кое тој носи златен накит вреден повеќе од 800.000 јуани (6,7 милиони денари).

Вирално видео на кинеската верзија на TikTok Douyin покажува старец кој носи огромни златни нараквици и прстен. Снимен е во продавница во градот Жангжу во југоисточната кинеска провинција Фуџијан на 27 февруари, објави SCMP.

Толку се „фалел“ што фрлил една од нараквиците на масата и рекол дека тежи повеќе од 2 килограми и ги замолил луѓето сами да се уверат.

Можеби уште полудо, старецот наводно поседува и златен појас, но неговото семејство не му дозволува да го носи.

Во коментарите почнаа да се слеваат разни „непристојни понуди“ од жени, како и еден внук кој има баба за мажење.

– Баба ми е слободна. Таа би сакала да го запознае – напишал некој во коментари.

-Доколку случајно паднеше на улица, луѓето ќе се тепаа да му помогнат да стане – коментира едно лице.