Едно е точно, дека и Јутјуберите знаат да бидат хумани, како и многу луѓе на планетава Земја, но ова младо момче го воодушеви светот со својот гест.
Џими Доналдс, познат како „Мистер Бист“, отворил ресторан во кој што им плаќал на луѓето да јадат во него.




Овој Јутјубер покрај тоа што добро заработува од своите видеа на Јутјуб каналот, славата ја користи и да им помогне на другите така што им плаќа сметки, ги храни, им купува потребни работи итн.
Тој неодамна одлучил да отвори ресторан во чиј состав се наоѓа и место во кое што на луѓето им се делат хамбургери, пари, а на една жена тој одлучил да ѝ подари автомобил.




На денот на отворањето, покрај хамбургери тој на луѓето им доделил и околу сто илјади долари, многубројни мобилни телефони, автомобили и бесплатно гориво.
Ова видео за само два дена било погледнато 24 милиони пати, многумина биле воодушевени од неговиот потег.
Погледнете го видеото:
