Резултат – гарантиран!
Постои позната поговорка – „Чистотата е половина од здравјето“, а бањата, односно околината на ВЦ школката, секако е едно од местата каде што демне најголемата опасност од бактерии и инфекции.




Жена од Австралија сподели со своите пријатели на Фејсбук како ја исчистила бањата од тврдоглави дамки со помош на само еден производ што вообичаено се користи за печење. Во групата на Фејсбук, Лорен откри дека користела само еден ефтин производ за чистење – лимунтус, пренесува Дејли Меил.




Мразам да го чистам тоалетот. (околу 25 грама) лимонтус оставени во ВЦ школката девет часа ќе ја решат целата работа. Најтешкиот дел од процесот е да бидете сигурни дека луѓето не ја користат ВЦ школката во тие девет часа. Сакав да користам средство за чистење, но ова е поевтино – напиша Лорен во својот пост и со тие зборови ги сподели фотографиите од големата трансформација.
Други родители во групата останаа ентузијасти за идејата и некои споделија начини на кои тие самите користат лимунтус.




– Користам лимунтус секојдневно за да го чистам тоалетот, но тој е одличен бидејќи нема хемикалии, па дури и децата можат да чистат со него – коментира една мајка.
