Повеќе од илјада случаи на инфекција со новата варијанта на коронавирус се откриени во последните неколку дена во Англија, претежно на југот на земјата каде што може да се поврзе со скок на бројот на заразени, изјави денеска министерот за здравство Мет Ханкок.
Министерот за здравство исто така рече дека Светската здравствена организација е известена и дека Портон Даун работи на детални студии на случај.
Ханкок додава дека „ништо не сугерира“ дека новиот вид предизвикува потешки форми на болеста или дека вакцината нема да биде ефикасна и за овој вид. „Првичната анализа сугерира дека оваа варијанта расте побрзо од постојните“, додаде тој.
Тој исто така им рече на пратениците во Долниот дом дека минатата недела имало нагло, експоненцијално зголемување на новите случаи во Лондон, Кент, делови од Есекс и Хертфордшир.
„Не знаеме до кој степен брзиот раст е резултат на нов вид на вирус, но без оглед на причината, треба да преземеме брза и одлучна акција. Апсолутно е потребно да се контролира оваа смртоносна болест се додека не ја направиме вакцината”, рече тој.
Министерот за здравство Венко Филипче вечерва запрашан токму на оваа тема во интервју за ТВ Сител рече дека од почетокот на пандемијата се бориме со непознат вирус, а она што треба да се утврди дали кај нас го има присутен овој митуран вирус, ќе треба да покажат анализите кои се прават во лабораторија.
