Текстописецот Марина Туцаковиќ денеска беше погребана на Новите гробишта во Белград.




Прославената хитмејкерка Марина Туцаковиќ денеска беше испратена на вечен одмор во присуство на бројни колеги, пријатели и членови на семејството.




Меѓу присутните беа едни од најголемите имиња на домашната сцена, со кои Марина соработуваше со децении, но и со кои негува долгогодишно пријателство.




Последниот поздрав го испратија пејачот Оливер Мандиќ, кој беше нејзина голема Љубов во минатото, но и колегите Цеца Ражнатовиќ, Јелена Карлеуша, колегите Жељко Јоксимовиќ, Жика од групата „Зана“ и Дамир Хандановиќ кои го носеа ковчегот, 
но исто така пејачот Даниел Павловиќ, кој ја предводеше поворката носејќи крст.




Во солзи, Естрада се збогуваше со Марина, чија последна желба беше исполнета – да биде погребана до нејзиниот покоен син Милош.

