Премиерот Зоран Заев изрази жалење што вчерашното интервју за БГНЕС предизвика бурни реакции во јавноста рече дека бил свесен за тоа што го рекол и какви реакции ќе предизвика.
Објасни дека треба да работиме на отстранување на пречките од таканаречената зелена завеса.
Заев вели дека преку глава ни е од истории кои поттикнуваат раздор .
-Изразувам жалење што моето интервју предизвика силни негативни емоции за кои сум свесен и ги разбирам, но имам обврска да ги поттикнам македонските граѓани за изнаоѓање решение.
Не е поглед кон иднината ако денеска зборувате за фашистичка Бугарија. Да си простиме и да подадеме рака, изјави премиерот Зоран Заев.
Kanal5.com.mk
