Камилџан Агдас е млад навивач на Фенербахче кој за среќа ја преживеа големата турска трагедија. Момчето после 119 часа било пронајдено во урнатините, облечено во дресот на неговиот омилен тим.

Агдаш спиеше во дресот на Фенербахче, а неговиот град го погоди страшен земјотрес. Неколку дена подоцна тој беше пронајден, кога многумина веќе помислија дека нему, како и многу негови сонародници, му претстои најлошата можна судбина.

На никого не му е јасно како успеал да преживее, но најважно е што сега е добро и здрав. Секако, набрзо стана популарен и сакан поради дресот што го носеше и во кој го чекаше натпреварот против Коњаспор, кој требаше да биде истиот ден кога се случи земјотресот.

„Кој ден е денес? , било првото нешто што момчето ги прашало своите спасувачи.

Во Фенер, секако, сакаат да му приредат добредојде на стадионот на младиот навивач, кој сега ќе прерасне во срцата на сите искрени навивачи на гигантите од Истанбул.

Тој доби можност и преку видео повик да разговара со Арда Ѓулер, првиот и капитен на Фенербахче.

„Арда Ѓулер брат, многу те сакам. Продолжи да го спасуваш нашиот Фенербахче“ , рече навивачот.

Арда Ѓулер, кој го објави видеото на својот профил на социјалните мрежи, имаше убава порака за спасениот навивач.

“Брате мој убав, не се откажа, успеа, ни даде надеж со својата борба. Те сакаме многу. Се надевам дека ќе се видиме лице в лице”.

Капитенот на Фенербахче му го вети на момчето дресот и секако го покани на натпреварот. Младиќ упорно му кажуваше на Ѓулер дека мора да направи се и Фенербахче повторно да биде шампион.

Фенер моментално е второпласирана екипа во турската Суперлига со 45 бодови, додека водечкиот Галатасарај има 54, но и натпревар помалку. Шампионатот во Турција во моментов е прекинат поради трагични настани, а некои клубови како Хатајспор решија да се повлечат од натпреварувањето оваа сезона.