Инфлуенсерката и нејзиниот вереник сакале да го овековечат романтичниот момент, но нивното куче Оскар имало свои планови.

Има малку ситуации во животот кои не се забораваат. Меѓу нив се и раѓањето на детето, дипломирањето, свршувачката… Сепак, еден пар ќе ја памети свршувачката по она што го правеше нивниот лабрадор Оскар додека ја славеа својата љубов.

Сакале тоа да го направат на Денот на вљубените. Ја однел во австралиско езеро и ја вклучила камерата за да го овековечи важниот момент. Откако таа кажала да, Дилан почнал да и го става свршеничкиот прстен на раката на Бри, но тогаш на сликата се појавил Оскар.

Во тој момент на кучето му се чешаше задникот, па почна да се влече по него преку тревата кон езерото. Парот не бил свесен што се случува зад нивниот грб. Кога се симнал поблиску до езерото, Оскар се избањал, а видеото поради него станало вирално.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА!