window light in dark old Abandoned Attic spooky,Image: 528741980, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Annebel Van den Heuvel / Panthermedia / Profimedia

Отпрвин таа не се движеше многу, но потоа тој ја насочи светлината кон нејзината глава.

Градежен инспектор кој посетил дом во изградба во Северна Каролина за рутинска инспекција открил нешто што го загрижувало повеќе од прекршувањето на кодот.  Дин Браун се качил на таванот на трикатна куќа во Вилмингтон кога се соочил со алигатор долг 8 метри.

Кога се качил и почнал да гледа низ собата, прво наишол на нешто што личело на играчка, но потоа се вџашил кога по вторпат погледнал во таа насока.

Не придавав значење на тоа. Мислев дека е некој вид лажен, полнет алигатор. Продолжив да ја работам својата работа, а потоа погледнав во него и сфатив дека се движи и дише“, изјави Браун за телевизијата WECT 6.

Тој вели дека на почетокот навистина не се движел, па претпоставил дека спие.

– Но, кога му ја насочив батериската ламба кон главата, очите почнаа да му се отвораат, а тој ми намигна и ми рече дека е жив – рекол инспекторот.

Браун веднаш се повлекол полека правејќи неколку фотографии како доказ, а потоа повикал еден од своите соработници да ги предупреди сите за неговото шокантно откритие. Но, во неверување беа и неговите колеги, без разлика на сликите.

– Никој не ми веруваше. Се јавив на телефон, им кажав на луѓето околу мене, но никој не ми веруваше – повторува Браун.

На крајот, еден од мајсторите конечно решил да оди на таванот да провери и таму го нашол смртоносниот предатор. Градежната екипа во тој момент сериозно го сфатила предупредувањето на инспекторот, го евакуирала градилиштето и ја повикала службата за контрола на дивиот свет да го врати непоканетиот гостин во природа.

Сите биле шокирани кога сфатиле дека рептилот се искачил неколку скалила за да стигне до своето скривалиште. Браун верува дека гаторот залутал од блиското мочуриште низ вратата што случајно останала отворена за време на викендот.

Тој вели дека за 30 години на таа работа понекогаш гледал змии, верверички, разни глодари, па дури и помали алигатори, но дека никогаш не ги нашол на таванот од зградата.