Машкото бебе по име Јагиз, кое има само десет дена, е извлечено живо од урнатините на зграда во Хатај, Турција, по разорниот земјотрес.




Спасувачите кои го извлекле бебето веднаш го завиткале во термо ќебе, а кај него била пронајдена и неговата расплакана мајка, која била во шок, која поради можна повреда на кичмата спасувачите ја извеле на носилки.




Сликата од ова мало момче херој ја сподели градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.




Тој исто така рекол дека момчето било под урнатините дури 90 часа, во градот Самадаг, пренесува Би-би-си.




Засега не е позната здравствената состојба на мајката и бебето, како и тоа како успеале да преживеат во оваа урната зграда.




Според медиумите, Јагиз е роден на почетокот на февруари и дека всушност половина од животот го поминал во урнатините.




Да потсетиме, во понеделникот на 6 февруари Турција и Сирија беа погодени од силни разорни земјотреси, а досега однесоа повеќе од 22.000 животи.

Извор: telegraf.rs

