Во Србија од понеделник за пациентите ќе биде достапен новиот лек против коронавирусот „ремдесивир“.
Директорот на Републичкиот фонд за здравствено осигурување проф. Д-р Сања Радојевиќ Шкодриќ за РТС изјави дека Србија набавила „ремдесивир“, лек против Ковид-19, и дека неговата дистрибуција ќе почне од понеделник.
-Тоа е многу скап лек, што се дава само во одредена фаза на болеста и ќе се дава само со конзилијарна одлука, кажа лекарката.
Според неа, лекот ги минал сите предвидени процедури.
-Поради епидемијата на коронавирус и се додека не ја добиеме соодветната вакцина, особено е важно сите ранливи групи да примат вакцина против грип, но и против пневмокока, кажа таа.
Во Србија пристигнаа дополнителни количества на пневмококна вакцина, што е особено важно за имунизација на лица постари од 65 години кои престојуваат во институции за сместување на стари лица и возрасни.
Во Србија од март годинава официјално се регистрирани повеќе од 34.000 лица заразени со коронавирус, а 760 лица починаа. Во последно време се регистрираат повеќе од сто пациенти на дневно ниво.
24.mk
