Сузе потекнува од Свети Николе. Претходно била мажена во Струмица. Но, по смртта на првиот сопруг била истерана на улица со двете деца, бидејќи свекрвата сакала да ги даде во дом. Маката ја присилува да оди под кирија, да работи и да ги чува децата. По кратко време и да се премажи во село Двориште, Беровско. Но, и овојпат среќата нема да биде наклонета на нејзина страна.

Оваа несреќна жена боледува од деменција. При породување со една од ќерките, докторите и заборавиле газа.

– Свекрвата во Струмица ме исфрли со две деца на улица. Морав да работам и да се грижам сама за нив, за да не ги изгубам. Ми се закани дека ќе ги даде во дом. Ми беше тежок животот и тогаш, тежок ми беше и претходно во немаштија, а, сега проблемите ми се капак. Понекогаш ми доаѓа да си пресудам, не сакам повеќе да се мачам, но што ќе прават овие мали деца сами без мене. Тоа ме враќа назад во борба со животот. За нив живеам!-низ солзи раскажува Сузана.

Можеби да не доживеал несреќа и вториот сопруг, јавноста немаше никогаш да го запознае ова семејство. Но, тој сакајќи да заработи повеќе пари за да ја прати сопругата на операција, се повредува, а вештачката коска во раката го спречува да го прехранува своето семејство.

– До пред три години некако живеевме. Маж ми многу работеше. Дури и дополнително кога требаше. Но, еден ден за да обезбеди пари за операција за мене дрво му ја скрши раката и останавме за никаде. Раката му загнои, му ставија вештачка коска и никако да зарасне. Децата од што го жалат, сами одат по дрва само тој да не си ја искомплицира состојбата. Некогаш не може да издржи и работи и со повредената рака, не сака да му гладуваат децата-вели Сузе.

– За малку ќе умрев од сепса. Еден доктор од мајка роден, ме спаси. Сега живеам со вештачки црева. Три месеци бев во кома. Можеби тогаш да умрев немаше сега волку да се мачам-вели Сузана.

Тешко е родител да плаче пред децата. Така и нив ги повредува дополнително. . Живеам за нив. Можеби немаат луксуз и комоција, но без парче леб ги немам досега оставено. Детски соби како што имаат другарчињата, гледаат само во соништата … Во меѓувреме себеси и другарчињата ги залажуваат дека единствената соба во која живеат им е детска соба само за да не ги исмејуваат во училиште, тажно констатира Сузана.

Сузана знае како е да се израсне дете без пари, а сега да остане без тоа дете е навистина тажно, поради што и е многу тешко.

И синот на Сузана од првиот брак веќе има петнаесет години. Учи во средно училиште. Морал да замине од собата во која живеел со семејството, зашто тука нема услови да учи. Заминал да учи угостителско во Берово, но, нема пари ниту за кирија, ни за храна. Сузана се моли по социјалните мрежи за да му обезбеди патики и облека за да детето не се срами пред другарчињата.

– Немав да му дадам двесте денари за да си купи геврече или баничка, како неговите другарчиња. Му праќам некое јајце, макарони, компири. Сам мора да готви за да се прехрани. Душава ме боли и за него, но што да правам кога немам да му дадам. И кирија немам платено за него за три месеци, по празнициве може да заврши и на улица.

– Не барам многу, само сакам децата да имаат каде да спијат и учат. Една просторија. Една соба. Малку поголема комоција. Вака немаме каде да се свртиме, вели Сузана.

Сите кои сакате да помогнете на ова семејство тоа можете да го направите на следнава жиро-сметка 200003772841182 или на телефонскиот број 070/236987