Споделуваме ФБ статус од Сузана Туранџиева!




Ви се обраќам во име на Атиџе
Сите, кои деновиве се осмеливте да го ставите во вашите погани усти големото име на Атиџе (па и моето) и да вреѓате, плукате, судите и омаловажувате некого на кого не сте му ни до колена, срам и грев да ве фати… Па дај боже и вие да живеете “богато” (со 4000 ден во месецот) како и Атиџе.




А на сите кои се дрзнуваат лажно да продаваат мед под нејзино име, арам да им се парите. Потенцирам: Мед од Атиџе е само оној кој сте го купиле лично од неа!!!!




Додека на оние пак, на кои 20 евра за медот на Атиџе ви се многу, не морате да купите, ама барем не морате ни да лаете и ширите сомнеж со триста бесмислени шпекулации.




А што се однесува до мојата мисија за помош и поддршка на Атиџе, И БЕЗ ВАС ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ!!! Бог на нашиот пат секогаш испраќа добри луѓе со кои сите предизвици, чекор по чекор ќе ги совладуваме, ЗАЕДНИЧКИ.

