Американскиот претседател Доналд Трамп со остар тон настапи на Светскиот економски форум во Давос, каде одржа 75-минутен говор што предизвика силни реакции во светската јавност.

Во фокусот на неговото обраќање повторно беше Гренланд, автономна територија на Данска, за која Трамп отворено изјави дека претставува стратешки и безбедносен приоритет за САД.

„Нема враќање назад, Гренланд е императив“

Непосредно пред заминувањето за Швајцарија, Трамп ги заостри заканите околу преземањето на Гренланд, порачувајќи дека „повеќе нема назад“ и дека прашањето за Гренланд е императив за американската национална безбедност.

На прес-конференција во Белата куќа, на прашањето колку далеку е подготвен да оди за Гренланд да стане американски, Трамп кратко одговори:

„Ќе дознаете.“

Давос во сенка на Гренланд

На Светскиот економски форум, Трамп најави дека ќе разговара со европските лидери токму за прашањето на Гренланд, што дополнително ги подгреа тензиите меѓу Вашингтон и европските престолнини.

Неговите изјави се оценуваат како најдиректен притисок врз Данска досега, а дел од европските медиуми го нарекоа настапот ултиматум без преседан во современата дипломатија.