Дополнителна мерка ќе биде разгледана утре за влез и за излез од земјата, според која ќе се бара сертификат, негативен ПЦР-тест или потврда за прележана болест, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

-Менаџирањето на ситуацијата, како што посочува, индицира сериозна потреба од одговорност од страна на граѓаните, особено од денеска кога во сила стапуваат новите мерки.

Процесот на им*низација се одвива непречено на сите пунктови низ државата и се надеваме дека овој тренд на зголемена заинтересираност и натаму ќе продолжи.

Повикувам на максимално почитување на мерките, држење дистанца, редовно водење на лична хигиена и вклучување во процесот на им*низација. Дозите штитат од тежок тек на болеста, од најлош исход и го отежнуваат неконтролираното ширење на болеста, рече Филипче.

Извор: Фокус