Научниците изненадени, испитувале две мумии, а наместо човечки остатоци, во нив пронашле…
Две минијатурни мумии кои се откриени во Египет, за прв пат се снимени со СТ скенер чија снимка покажа дека во нив не се човечки остатоци, како што археолозите очекувале.




Двете мумии со должина од 45 сантиметри, во облик на човечко тело, сместени се со децении во музејот во Хаифи, но досега не се подетално проучувани, бидејќи се верувале дека во нив се наоѓе срцето на починатиот во чиј саркофаг се пронајдени.
Бидејќи за прв пат се снимени со СТ скенер, откриено е дека во нив не се наоѓаат човечки остатоци. Во една од нив било сместено жито и кал, а во другата мумифицирана птица, најверојатно сокол. “Птицата нема лева нога, но никој не знае зошто”, изјави доктор Марсиа Џавит, која ги снимала мумиите.
Досега се знае дека мумиите се постари од 2.000 години, вели Рон Хилел од музејот Хаифи, каде што се чуваат.




Проучувањето на мумиите започнало сосема случајно, бидејќи во музејот во текот на класифицирањето на она со кое располага музејот, откриле дека ништо не знаат за нив.
Во забелешките кои постоеле, стоело дека во нив се остатоци од мумифицирано срце, но тоа на експертите не им изгледало логично, бидејќи срцето најчесто се остава во внатрешноста на телото кое се мумифицира, имајќи во предвид дека во верувањата на старите Египјани срцето има одлучувачка улога дали некој ќе добие вечен живот. Мумијата наполнета со кал и зрна жито е направена во облик на Озирис, богот кој го симболизирал вечниот живот, животот после смртта, но и вегетацијата.




Во текот на фестивалот посветен на него, таква мешавина од кал и жито се потпоувала во вода, после што житото би започнало да герминира, што е симбол на улогата на Озирис како бог на животот, објаснуваат научниците.
Втората мумија, во која се наоѓаат остатоци од птици, е во облик на богот Хорус. Тој бог, според египетската митологија, има глава на сокол и тој е син на Озирис и богињата Исис.
