Лила Филиповска периодов престојува во Кападокија, Турција. Таа леташе со балон и ги пренесува своите впечатоци оттаму.




„Дури денес ми стана јасно зошто луѓето од целиот свет доаѓаат во Кападокија. Постојат многу начини да се доживее адреналин, но тврдам дека ова е еден од најубавите. Изгрејсонце на кое според легендата играат самовилите во “Долината на љубовта” нестварен поглед на чудото на природата и чувството дека лебдиш е причина ова доживување никогаш да не го заборавиш.




Најбитни се временските услови. Најголем непријател ветрот. Пред две години со мојот другар @rolladobolla не успеав да летам ама овојпат ме посака среќата. Времето беше идеално како пролет и многумина како мене уживаа. Во моментов тука има 250 балони од 25 компании а сѐ започнало со само еден балон на еден шведски брачен пар во 1991. Останатото е историја….




Да , има многу причини да се посети Кападокија ама ова е една од најубавите.“, напиша Лила на својот Инстаграм профил.
https://www.instagram.com/p/CLOQ80IpkJ9/?utm_source=ig_embed
