Во болницата во Тетово изминатото деноноќие има голем наплив на пациенти. Во моментов се работи на интензивна реорганизација со цел соодветно згрижување на сите.

На колегите од Тетово им се дава соодветна поддршка во делот на кадар и сместувачки капацитети. Од пред два дена пациенти се сместуваат и во болницата во с.Лешок, а доколку е потребно пациенти ќе бидат сместувани и во други болници во близина или во Скопје.

Утре ќе се разговара и донесе одлука дали и колку дополнителен кадар во најкус рок ќе биде распореден, како и за можно воведување дополнителни локални мерки.

Апелирам граѓаните да ги почитуваат мерките за лична заштита со цел спречување на понатамошно влошување на состојбата.