Секое зло за добро вели народот уста да му се позлати. Сега сте јаки. Слободно продолжете со дискриминацијата на невакцинираните. Гледате, вчера завчера се беше празно.

Дебар Маало како од филм за духови. На три маси седеа луѓе вкупно во дваесет кафани. Сити мол како бродон во Осмиот патник, кога влегоа да видат зошто никој не се јавува. Наскоро ќе видите мерката колку ви е глупа.

А потоа ќе видите колку таа мерка ќе се покаже погобна за вас. Луѓето ве мразат од петици. Тоа го чувствувате.
Единствена среќна околност ви е што јас никогаш нема да бидам власт. Оти кога би бил, нема да има судење. Јок бе. Нема трошење пари, правење театар. Случај Боцнати, случај Пикадо Фајзер, случај Аусвајс, случај Хер Адолф, случај Фински реформатор, случај Горњи Милановац…

Нема да има случаи дечки. Како во времето на Сталин ќе биде. Ќе ви тропне некој на врата. Ноќе. И ќе ве лапне мракот. Леле па на шпиончињана од невладините што ќе им праам… Не, не, нејќете да знаете. Затоа поубаво да стискате палци, никогаш да не се доберам до власт.

Мали се шансите признавам. Но животот е непредвидлив. Што носи денот.не носи годината.