На вракање од МК кон Германија. Сакавме да направиме пауза во Србија пошто неможев да возам повеќе. Застанавме во место “ПОПИНЦИ” околу 1:20ч во еден паркинг.

После 20 минути слушнавме еден звук се разбудивме и ни дојдоја од 2-3 души кои беа со маски.

Еден ни ја дупна гумата од левата страна исто времено другиот десниот прозор. Од совозачката страна ја зедоја ташната на сопругата на која имаше 1200€ и 4 златни прстена.

Додека ова се случуваше ние бевме во колата внатре со нашите две мали ќерки едната 7 другата 2 годинки. Препорачувам на сите кои ке патувате за МК или ДЕ никако да не застанете во Србија, а ако морате да застанете, застанете каде има повеке луѓе и на осветлено место.