Нешто слично се случи и со претходните сопственици.

Необичен момент снимила надзорна камера во 167-годишниот паб „The Blue House“ во Сандерленд, Англија, а сопствениците сега се убедени дека во кафулето има некоја виша сила.

Имено, гостинот седел во барот каде имало чаша полна со пиво. Во еден момент чашата сама се срушила и пивото се истурило.

Сопственичката на пабот Дарла Андерсон верува дека натприродните сили го уништиле пивото.

Таа раскажа како чашата паднала како некој намерно да ја срушил, иако на камерата никој не се гледа, пишува Мирор.

Погледнете го видеото: