Џорџина е законска сопруга на Роналдо, се прослави со него и неговата слава, но често во медиумите се шпекулира дека таа не е прифатена од неговата мајка




Бидејќи нејзиниот партнер Кристијано Роналдо е еден од најдобро платените спортисти, а и таа самата успеа да создаде завидно богатство, никој нема да биде изненаден од нејзиниот луксузен начин на живот. Убавата Џорџина ужива во луксузни вили, спортски автомобили, јахти, дизајнерска облека и скап накит, но нејзиниот живот не бил отсекогаш таков.
Пред само седум години таа живееше многу поскромно. Работела како дадилка во Бристол и заработувала 125 фунти (околу 150 евра) неделно, пишува „Дејли мејл“. За тоа време студирала англиски јазик и посетувала часови по танц.




Во меѓувреме, животот на шпанската манекенка драстично се променил. Се вратила во Шпанија и почнала да работи во продавницата на Гучи како шопинг асистентка, а токму таму се случила фаталната средба и љубов на прв поглед со Роналдо. Неколку дена подоцна, парот повторно се сретнал на гала настан каде започнале разговор, далеку од нејзиното работно место.




Првиот состанок Џорџина и Роналдо го имале во Дизниленд, а нивните фотографии за секунда го преплавија светот. Сите сакаа да знаат која е заносната бринета покрај Роналдо, кој претходно ја сакаше една од најубавите жени на светот, руската манекенка Ирина Шајк.
Џорџина брзо потоа била отпуштена од бутикот затоа што на нејзините шефови не им се допаднало медиумското внимание што го добила, но веројатно тоа било најдоброто нешто што ѝ се случи откако го запознала фудбалерот. Џорџина почнала да добива модни ангажмани, а во летото 2017 година Роналдо преку сурогат мајка доби близнаци.




Беше големо изненадување бидејќи зошто сурогат – мајка покрај девојка, но Џорџина ги прегрна како свои, како и најстариот син на Роналдо.
Набрзо се дозна дека парот го чека своето прво дете, а девојчето Алана Мартина се роди во декември 2017 година. Џорџина и Роналдо моментално очекуваат близнаци.




Иако долго време беше во врска со познатиот фудбалер, и животот го посвети на семејството, парот не можеше да застане пред олтарот, а се вели дека тоа е поради мајката на Роналдо, со која тој е многу близок, не ја одобрува Џорџина. Се шират гласини дека 66-годишната Долорес Авеиро не верува дека Џорџина навистина го сака нејзиниот син, туку дека е со него поради парите и удобниот живот.
Меѓутоа, ако навистина така мисли, Долорес не сака тоа јавно да го открие, па во неодамнешното интервју за португалскиот магазин „Impovavel“ убаво проговори за Џорџина.
„Таа е добра девојка и голема поддршка за Кристијан“, рече таа.




Џорџина не обрнува внимание на гласините, но паралелно со семејниот живот работи и на кариерата која, се чини, во последно време и оди прилично добро. Освен што на крајот на јануари на Нетфликс доаѓа документарен филм „Soy Georgina“, нејзината популарност само расте. Медиумите ја нарекуваат „супер WAG-sic“ и ја следат 29 милиони луѓе на Инстаграм, па не е изненадувачки што брендовите се подготвени да ѝ платат огромни цифри за да ги промовира нивните производи.
