На десети април 2018 година, мојот живот се преврти. Тоа е една недела откако се вратив од Нешвил од посетата на моето момче Стефан, ја почнува својата приказна музичарката Линдзи Ситрон.




Бевме заедно две недели и добро ги искористивме затоа што живееме во различни делови на земјата. Отидов дома и имав чудно чувство дека сум бремена. Не гледав како тоа би било можно, бидејќи применував хормонска спирала, но решив заради свој личен мир да направам тест за бременост, за да се ослободи од грижите кои ми доаѓаа повеќе интуитивно.
Во бањата ме пречека шок. Имаше слаб знак плус, иако блед, не бев сигурна и морав да се консултирам со цимерката.




– Јас немам идеја што значи тоа, никогаш не го видела позитивен тест за бременост ми рече таа. Но, да сум на твое место веќе би била во паника… – ме утеши.
И богами се испаничив. Седнав на компјутер почнав на интернет да пребарувам информации за можен процент на грешка кај тестовите за бременост (испадна дека грешка се счучува исклучително ретко). Во паника, заминав кај својот гинеколог.
– Мислам дека сум бремена, промрморев пред гинекологот – бев сериозно успаничена. Мислам дека тир денови имав 26 години, што е сосема разумно време за дете и ги сакав децата, но дечкото и јас живеевме во различни градови, јас сум во тој момент бил невработен и тршев при крај од парите што ги имав заштедено, исто така знаев дека е исклучителен ризик секоја бременост што се случува при хормонска спирала.




Гинекологот ме праша што ќе направам, ако навистина бев бремена. – Ќе абортирам! – излета одговорот од мене. Поточно, не излета, едноставно тоа беше првата работа што ми падна на ум, бидејќи тоа се чинеше како единствено решение.
На пат во лабораторијата каде ме очекуваа тестови, плачев. И објаснував на лаборантката која ги правеше тестовите дека едноставно не сум подготвена за тоа, а бременоста на овој начин ја сметам за ризична, за опасна, и сакам да абортирам.




– Каков абортус, ми одговори таа, бременоста е благослов – се обиде да ме утеши, а јас паѓав во се погочем очај. Тестовите поврдија, бев бремена.
Како поминуваа деновите расположението и ставот ми се менуваа. Почнав да имам однос кон тоа суштество што расте во мене. Јас го нарекував “Грашок”, бидејќи се уште не се охрабрував да го замислувам како бебе, но наскоро на моето момче му кажав дека на чекам бебе. Нашето бебе. Тој се врза за него. Пеевме за бебето , за нашите Грашок. Сепак, имаше и тешки моменти. Кога тој не беше физички со нас, иако постојано бевме на линија, јас се чувствував осамено.




Сфатив дека го сакам тоа бебе, покрај тоа што ќе ме се преврти животот и ќе ми ги поремети сите планови. Патем, се уште бев загрижена за можноста од компликации, бидејќи добив бремена при употреба на спирала. Имав и план за прво време. Ќе бидам во куќата на татко ми, јас ќе работам, се додека р тоа можно физички, а потоа ќе користам породилно отсуство. Сè што ќе работат надвор, ја утеши. Така охрабрена, отидов кај гинекологот на контрола и ултразвук, решена на најдобар начин бременоста да се истера до крај.




Ноќта пред испитувањето, добив грозница и почнав да повраќам. Се исплашив. Верував дека е тоа поради труење со храна или симптоми од бременоста. Но длабоко во себе чувствував дека нешто не е во ред.
Пред прегледот застанав во аптека и го купив најскапиот тест за бременост, оној во кој прецизно се покажува и бројот на недели од бременоста. Влегов во ресторан и направиле тест во тоалетот. Требаше да се покаже дека сум бремена три недели. Меѓутоа, тестот покажуваше бременост од само десет дена. Рацете ми се тресеа од вознемиреност. Му се јавив на моето момче, Стивен, бидејќи чувствував дека нешто не е во ред.




Наместо на преглед кај гинекологот заминав директно во ургентен центар, каде што ми беше кажано дека можеби се работи за спонтан абортус, но дека прво треба да се даде крв и направи ултразвук а потоа гинеколог да се заклучи точно она што се случува.




Истиот ден дадов крв за анализа но, за ултразвук требаше да се чека до селдната недела. Резултати од крв пристигна утре и самата, прегледувајќи стручни сајтови по интернет, видов што значи тоа што HCG вредностите ми се преполовени. Знаев дека бременоста е завршена.
Плачев, веже знаејќи што ќе ми каже гинеколог во понеделник. Дека во понеделник ќе се простам од мојот “Грашок“. И, во понеделникот, гинекологот ми рече дека сум имала спонтан абортус. Кога го рече тоа, моето срце потона. Знаев дека тоа се случило, но кога тој и официјално го потврди, стана болно и неповратно.




Никогаш не дознав зошто сум го загубила плодот. Во секој случај, според гинекологот, кога ќе се случи спонтан абортус толку рано во бременоста, јасно е дека имало некоја “катастрофална генетска грешка” и дека плодот немал шанса да преживее. И колку што тој се обидуваше да ми објасни дека јас не сум виновна и дека најверојатно тоа нема никаква врска со затруднување при употреба на спирала, јас ја чувтвував вината како своја.




По киретажата бев потоната, се влечкав од ден во ден страшно осамена. Стивен дојде да се грижи за мене, но јас и покрај тоа се чувтсвув како да сум сама. Дали сум во ред? Дали сето ова се случи како одговор на судбината затоа реков дека сакам да абортирам кога дознав за бременоста? – се прашања кои не престанаа да ме измачуваат.
По некое време почнав да разговарам за настанот со други девојки, со жени, и видов дека многумина се соочиле со ова исксутво но, и дека голем дел од нив потсвесно, иако без причина, ја чувтвсуваат истата вина за загубениот плод. Чувство дека не биле доволно добри, дека нешто згрешиле и придонеле за крајот.




Просто ми беше неверојано како за само неколку недели поминав пат од не сакам бебе, ќе аборирам, до толкава поврзаност со плодот во себе. Со Стивен бевме и останавме заедно, и заедно поминавме низ сето тоа за, потоа, да го дочекаме своето бебе.
