Многумина ги оставаат своите автомобили на паркинзи и гаражи со месеци без да размислуваат за гориво, но има рок на траење кој всушност истекува релативно брзо по купувањето.

Не е невообичаено возачите да ги оставаат своите автомобили на чекање во текот на зимата, а истото важи и за мотоциклистите чии мотори чекаат подобро време, па затоа е важно да се знае колку гориво всушност може да „издржи“ во резервоарот.

Според N1, бензинот и дизелот не треба да бидат во резервоарот повеќе од два до три месеци бидејќи по тој период ги губат својствата и претставуваат потенцијална опасност за моторот.

Во биодизелот со кој се меша дизел гориво има бактерии кои по некое време почнуваат да создаваат наслаги од тиња, а можна е и корозија или затнување на системот за снабдување со гориво.

Моторот може да има проблеми со палење, груба работа во празен òд или губење на моќноста при забрзување, Извор списание HAK