Снежана Јовановска на 15 години станува сопруга и мајка. Ќе била и мајка на три деца еден ден да не била крвнички претепана од сопругот.




Еднаш дури да не ја спасел свекорот ќе била и убиена. Тогаш одлучува да стави крај на тој хорор. Судот за жал им ги дели децата, па, Поголемиот син Кире го доделува на таткото, а, помалиот Владо останува кај Снежана.




И, натаму животот на Снежана ќе биде тежок, под кирии, без храна, без услови за раснење на мало дете.




Но, барем немала закана по животот. Болката по поголемото дете кое останало кај таткото ќе направи таа често да оди во неговото училиште и кришум да го гледа.




Со болка во душата за една мајка таа преживува 30 долги години. Неодамна на Снежана и на Владо им се случува уште еден немил настан.Владо е нападнат од кучиња и e во тешка здравствена состојба. Денес, немаат средства ниту да преживеат.




Целата сторија ќе може да ја погледнете во најновата епизода на #СрцеНаДланка, недела, во 15:45 часот на #АлфаТВ.




Видеото погледнете го тука
