Некои се смееја, додека други беа револтирани

Патниците кои го чекаа својот лет на аеродромот Сантос Думонт во Рио де Жанеиро беа изненадени од експлицитни фотографии за возрасни на рекламните екрани во петокот.

Веста за хакирањето набрзо се прошири на социјалните мрежи, со експлицитни фотографии на екраните на аеродромите.

– Се чини дека многу луѓе го пропуштија летот денес – се пошегува еден корисник на социјалните мрежи.

Државната компанија „Инфраеро“, која управува со аеродромот, објави дека се хакирани рекламните екрани, а не оние со информации за летот, па одговорноста е на друга компанија.

– Инфраеро презеде соодветни мерки и поднесе жалба до федералната полиција – се вели во соопштението.

И додека повеќето корисници на социјалните мрежи оваа случка ја сметаат за смешна, имаше и такви кои останаа шокирани.

– Какво непочитување! Замислете ги оние кои патуваат со деца – напишал еден од нив.