Пријател од детството го изневерил на најстрашен начин




Неименуваниот маж, кој ја открил својата приказна за британскиот Сан, живее во Велика Британија, има 38 години, има 39-годишна сопруга и две деца и секогаш мислел дека има совршен живот.
Неговиот деловен партнер, кој е и негов добар пријател од детството, има 37 години и го гледа како брат. Сепак, најстрашно го изневери.




– Сопругата го водеше книговодството и помагаше во администрацијата. Понекогаш таа би била сама во канцеларија со мојот деловен партнер. Јас им верував. Ми беше како брат, како вујко на моите деца – вели човекот.




Едно попладне, клиентот со кој требало да има состанок откажал во последен момент, а тој решил да се врати во канцеларија бидејќи морал да заврши неколку работи. Знаеше дека неговата сопруга и деловен партнер ќе бидат таму. Кога се вратил, слушнал чудни звуци, како стенкање.




– Ме пречека најлошата глетка што може да се замисли. Мојата сопруга и партнерот водеа љубов. Тој седеше на канцеларискиот стол, со панталоните околу глуждовите, а таа го закопчуваше здолништето околу половината… – се присети тој.




– Бев толку шокиран што веднаш истрчав во бањата да повратам. Кога излегов, жена ми плачеше, а мојот партнер го немаше. Рече дека тоа е момент на лудило и дека никогаш повеќе нема да се повтори – раскажува уништениот маж, кој оттогаш не може да си оди дома и остана со сестра си.




– Мојата сопруга и деловен партнер постојано ми се јавуваат, но јас не сум подготвен да разговарам. Не знам како да останам во брак или пак да работам со ниту еден од нив. Секоја доверба исчезна и мојот живот е на парчиња. Не знам како некогаш ќе закрепнам од тоа – додаде тој.




Ве МОЛАМ ЗА СОВЕТ Дали да и простам атер за децата или да СИ ПОЧНАМ НОВ ЖИВОТ?
